ВЕЛЕС ПЛАНИРА ДА СТАНЕ ГРАД БЕЗ АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ ВО ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

    ВЕЛЕС ПЛАНИРА ДА СТАНЕ ГРАД БЕЗ АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ ВО ВОДОВОДНАТА МРЕЖАВо градот имало 11.145 метри водоводна мрежа со азбестни цевки (Фото: СДК.МК)

    ЈКП „Дервен“ работи на проектот „Велес без азбестни цевки“, најави директорот Горан Наунчев на седница на Советот. Во градот имало вкупно 11.145 метри водоводна мрежа со азбестни цевки, односно 10 отсто од вкупната мрежа, од која велешани се снабдуваат со вода за пиење.

    Заедно со општината работиме да се намалат азбестните цевки преку кои граѓаните се снабдуваат со вода за пиење. За две години ги намаливме за 10-12 проценти. Работиме на тоа до крајот на мандатот на градоначалникот да нема ниедна улица со азбестни цевки“, рече Наунчев.

    Најголемата должина со азбестни цевки во градот е со Ф200 – 3.348 метри, па Ф150 – 2.139 метри.

    Наунчев најави дека наскоро треба да се сменат азбестните цевки на улиците Славе Петков во должина од 538 метри, Питу Гули (440 метри) и Кузман Јосифовски (800 метри).

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира