ВЕЛЕШАНИ СЕ ВЕНЧАВААТ ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ОТИ ЛИКОВНИОТ САЛОН СЕ РЕНОВИРА

    ВЕЛЕШАНИ СЕ ВЕНЧАВААТ ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ОТИ ЛИКОВНИОТ САЛОН СЕ РЕНОВИРАВо дел од просторот на Ликовниот салон се изведуваат и венчавки, а поради реновирањето сите активности се одложени за наесен (Фото: СДК.МК)

    Ликовниот салон во Велес се реновира и бидејќи дел од просторот е сала за венчавање, граѓанското склопување на браковите е во Градската библиотека.

    „Има големи оштетувања на плочките од подот, испукани ѕидови. Во тек се работите за подобрување на електриката, водополагачки и молеро-фарбарско работи. Поради ова, склучувањето на браковите е во библиотеката. Штом заврши реконструкција на Ликовниот салон венчавките повторно ќе бидат таму“, вели градоначалникот Аце Коцевски.

    Поради овие градежни зафати, во Ликовниот салон нема ниту изложби ниту ниту редовни активности. Изложбите договорени за ова лето се одложени за наесен.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира