На последната 38. седница на Советот на Општина Велес, на точката за советничките прашања, Игор Смилев, праша зошто не се санкционираат дивоградбите на езерото Младост, кои сега се во фаза на узурпирање на државно земјиште. Граѓаните стравуваат и нивните реакции се да не` се случи овој рекреативен центар да биде „Бабуна 2“, каде што поради инертната локална власт за 20-тина години се изградени стотина дивоградби на узурпирано државно земјиште.
„Со узурпирањето на јавниот простор на езерото Младост, имавме еден проблем, нема ангажирано фирма која ќе работи на рушење на дивоградби. На јавниот повик или не се јавуваа или пак нудеа високи цени, фирмите за рушење на дивоградбите. Кончено имаме
успешен тендер, имаме фирма, со која склучивме договор по нормални цени. Затоа најавувам дека во наредниот период ќе има дислокација на објекти кои се на езеро Младост. Тие се времени, а ако не ги санкционираме ќе бидат трајни. До Нова година ќе има отстранување на дивоградбите“, кажа градоначалникот Марко Колев.
Општина Велес во мандатот на претходните градоначалници со децении немаше фирма која ќе врши рушење на дивоградби.
П. ПЕЧКОВ