ВЕЛЕШКОТО МАЛО МОВЧЕ Е ВО МРАК ОТИ СЕ УНИШТУВААТ КАНДЕЛАБРИТЕ И СЕ КРАДАТ СВЕТИЛКИТЕ И КАБЛИТЕ

    ВЕЛЕШКОТО МАЛО МОВЧЕ Е ВО МРАК ОТИ СЕ УНИШТУВААТ КАНДЕЛАБРИТЕ И СЕ КРАДАТ СВЕТИЛКИТЕ И КАБЛИТЕОсвен што се оштетени светилките и канделабрите, се крадат и каблите иако тоа е опасно по живот, велат од локалната власт. (Фото: СДК.МК)

    Малото мовче во центарот на Велес е во темница оти често се оштетува осветлението и се крадат каблите.

    „Темно е не може да се мине, да ти е страв да го користиш мостот“, реагираат велешани.

    Градоначалникот на Велес Марко Колев вели дека власта презема сé за да работи светлото, но неодговорни граѓани го оштетуваат.

    „Неколку пати го имаме менувани светлото, канделабрите. По некој ден ги нема, оштетени се, искршени. Претпоставувам дека на него нема таква фреквенција како на другите мостови, некои неодговорни сограѓани ги оштетуваат јавните инсталации. Ги поправаме, но по ден-два пак се искршени, оштетени“, вели градоначалникот Колев.

    Но освен што се оштетени светилките и канделабрите, се крадат и каблите иако тоа е опасно по живот, велат од локалната власт.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира