Членови на ловното друштво „Церн камен” од Вевчани во атарот на селото Пискупшина спасија мечка која беше заробена со железна сајла. Сајлата била поставена од несовесни селани, а животното во потрага по храна се заплеткало во неа и не можело да се ослободи сама.
Селанец ја забележал мечката како безуспешно се обидува да се ослободи од стапицата и веднаш ги информирал членовите на ловното друштво „Церн камен”. Тие набргу пристигнале на местото каде што била заробена мечката, а донеле и булдожер за да го исчистат теренот.
„Несовесни луѓе поставиле сајла во планинскиот дел кај Пискупштина. Не знаеме дали имале намера да ловат мечки или некои други животни. Во стапицата се фати мечката која сама не можеше да се ослободи. Одвај го спасивме несреќното животно”, вели учесник во акцијата за спасување на мечката.
Мечката не била повредена, ама ловџиите за секој случај веднаш се разбегале, а таа избегала во планината.
Д. ЧУБРИЌ