ВМРО-ДПМНЕ доби 16 мандати, четири повеќе од претходниот состав, во 23-члениот Совет на Општина Штип, СДСМ ќе има четворица советници или три помалку од досега, два мандата освои Левица и еден мандат ЗНАМ.
Актуелниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, со 16.330 гласови го освои вториот мандат уште во првиот круг откако неговиот противкандидат Павел Иванов од СДСМ доби само 3.679 гласови.
Слична е состојбата и со советничката листа во соседната Општина Карбинци. За деветчлениот состав ВМРО-ДПМНЕ доби седум советнички мандати, а СДСМ два. Досегашниот градоначалник на Карбинци, Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ, го освои и вториот мандат, овојпат уште во првиот круг со 1.376 гласови, 850 повеќе од противкандидатката Љубица Соколова.
И двајцата градоначалници рекоа дека убедливите победи на локалните избори зборуваат за апсолутен легитимитет добиен од граѓаните, но и поголемa обврска и одговорност да работат за поголем проспeритет на општините.
Т. ЈОВАНОВСКИ