ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОДНОВИ СО НАЈМОДЕРНИ ИДИОТИ И ПО ОПШТИНСКИТЕ КОМИТЕТИ

    ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОДНОВИ СО НАЈМОДЕРНИ ИДИОТИ И ПО ОПШТИНСКИТЕ КОМИТЕТИСоветникот на ВМРО-ДПМНЕ во Oпштина Битола чита соопштение од „идиот“ на денешната прес-конференција во седиштето на општинскиот комитет на партијата. (Фото: Ж. Здравковска)

    Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се опремија со најмодерни т.н. „идиоти“, односно машини за читање кои ги користат телевизиските водители.

    За прв пат вакви современи „идиоти“ беа поставени во прес-центарот во новата зграда на партија во Скопје. Сега членовите на партијата кои држат прес-конференции и во другите градови, повеќе не читаат од на лист напишани соопштенија, туку говорот го читаат од машините.

    Од ВМРО-ДПМНЕ кусо ни рекоа дека се добро опремени со вакви машини, бидејќи ги следат светските трендови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира