ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ПЛАНИНАТА МАЗАТАР СЕ СЕЧАТ ДРВЈА ШТО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, ВЕЛАТ ОД ОХРИД СОС

    ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ПЛАНИНАТА МАЗАТАР СЕ СЕЧАТ ДРВЈА ШТО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, ВЕЛАТ ОД ОХРИД СОССечењето на шумата, која се наоѓа над река, го зголемува ризикот од ерозија, велат од Охрид СОС (Фото: СДК.МК)

    Невладината организација Охрид СОС информира дека во подножјето на планината Мазатар кај Охрид се случила еколошка катастрофа. Била забележана механизација као сече дрвја, на што укажало локалното население.

    „Без знаење на месната заедница од селото Речица и без информирање на јавноста, за време на викендот 9-10 мај локалното население забележало механизација и работници кои сечеле дрвја во подножјето на планината Мазатар, на местото викано Равен. Шумата се наоѓа над Мала Река, која е притока на Коселска Река. Ова место е во надлежност на ЈП Национални шуми, подружница Шумско стопанство ‘Галичица‘. Според информациите од терен, бројот на дрвјата е видливо намален. Сечењето на шумата го зголемува ризикот од ерозија”, велат од Охрид СОС.

    Оттаму додаваат дека во Локалниот еколошки акционен план 2019-2025 (ЛЕАП) на Општина Охрид е јасно наведено дека ерозивните наноси од речните сливови претставуваат голема закана за биолошката разновидност на Охридското Езеро.

    „Кој и кога ја донел одлуката за оваа сеча и дали таа е во согласност со постоечкиот ЛЕАП, во кој се наведува дека Коселска Река е најголемата река која се слива во езерото? Таа е поројна река. Во ЛЕАП од 2012 година е наведено дека заштитата на коритото на Коселска Река се врши со комплексни мерки, во кои доминира пошумување на ерозивните површини. Сакаме да знаеме дали пошумувањето се спроведува од 2012 наваму и како е координирано со сегашната сеча”, кажаа од Охрид СОС.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира