ВО ПРЕСПА ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ШЕСТ СЕЛА, ЗА ШТО ЕУ И УНДП ОБЕЗБЕДИЈА СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА

    ВО ПРЕСПА ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ШЕСТ СЕЛА, ЗА ШТО ЕУ И УНДП ОБЕЗБЕДИЈА СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРАИзградбата започна во Претор, каде што со канализацијата ќе се опфатат отпадните води од селото заедно со туристичката и вилската населба (Фото: СДК.МК)

    На Светскиот ден на животната средина, во Преспа започна  изградбата на фекална канализација за собирање отпадни возди и постројки за нивни третман за селата Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница. Проектот во вредност од седум милиони евра е финансиран од ЕУ и кофинансиран од Програмата за развој на Обединетите нации.

    Изградбата започна во Претор, каде што со канализацијата ќе се опфатат отпадните води од селото заедно со туристичката и вилската населба.

    „Целта е да се зачува биолошката разновидност околу Преспанското Езеро бидејќи ова треба да биде регион кој ќе ги привлекува сите туристи кои доаѓаат овде и кога ќе дојдат, да бидат сигурни дека животната средина може да се зачува“, рече евроамбасадорот Михалис Рокас.

    Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски рече дека изградбата на канализационите системи е само инфраструктурниот дел од проектот, кој опфаќа и други активности, како што се  чистење диви депонии и управување со тврдиот отпад.

    Постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан истакна дека со Преспа соработуваат две децении и целта е со управувањето на отпадните води и цврстиот отпад да се зачува кревкиот екосистем на езерото, да се заштити биодиверзитетот, да се подобри квалитетот на животот на локалното население и да се унапреди туризмот.

    Светскиот ден на животната средина оваа година се фокусира на справување со загадувањето со пластика.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира