Од Регионалниот Центар за управување со кризи од Битола соопштија дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени.
„Лицето било живо, но повредено, и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. Поради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, опасно било да се биде неподвижен надвор на такви услови преку зима”, соопштија од ЦУК.
На лицето му е укажана потребната лекарска помош во Прилепската болница.
Ж. ЗДРАВКОВСКА