ВО ШТИПСКАТА КАСАРНА  ОДБЕЛЕЖАНА 110-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ

    ВО ШТИПСКАТА КАСАРНА  ОДБЕЛЕЖАНА 110-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НА ЈАНЕ САНДАНСКИЦвеќе пред спомен бистата на Јане Сандански во штипската касарна која го носи неговот име. (Фото: СДК.МК )

    Во штипската касарна „Јане Сандански“ денеска беше одбележана 110-годишнината од смртта на револуционерот. Во својот говор командантот на Вториот пешадиски батаљон, Зоран Сумрачки пред бистата на револиционерот која се наоѓа на самиот влез на штипската касарна рече дека веднаш по осомостојувањето на Македонија и формирањето на Армијата во 1992 година касарната во Штип го доби името на Јане Сандански. Неговиот идеал беше создавање на самостојна , независна и слободна македонска држава која денес е наша стварност, но во исто време и света обврска да ја сочуваме крваво стекнатата слобода и државност.

    „Денес нашата единица претставува воена сила достојна за почит и секогаш е подготвена за остварување на дадените мисии. Оваа подготвеност за жал ја покажа и во справувањето со последиците од траорниот пожар во Кочани, со активно вклучување во поддршка на државните институции. Сочуство до семејствата на загинатите во пожарот и да посакам закрепнување на сите повредени, а на Драган, Петар и Иван што поскоро да се вратат во стројот помеѓу другарите од Вториот пешадиски батаљон“ рече потполковникот Сумрачки.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира