ВО СКОПСКОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ОТВОРЕНА ПАРАЛЕЛКА ЗА ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА ВО СОРАБОТКА СО „АЛКАЛОИД“

    ВО СКОПСКОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ОТВОРЕНА ПАРАЛЕЛКА ЗА ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА ВО СОРАБОТКА СО „АЛКАЛОИД“Наставата ќе се одвива во просториите на училиштето и во компанијата „Алкалоид“ со стручни наставници и сертифицирани ментори. (Фото: К. Попов)

    Во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје од оваа учебна година е отворена паралелката фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија. Паралелката е отворена на иницијатива на средното медицинско училиште и на компанија „Алкалоид“. Изготвена е наставна програма која е верификувана и одобрена од Министерството за образование и адаптирана на потребите на секторот на фармацевтската индустрија.

    Наставната програма е специјално креирана за ученици од трета и четврта година од секторот здравство и здравствена заштита во средното стручно образование.

    Оваа учебна година, по големиот интерес на пријавени, 23 ученици беа селектирани за да ја следат наставата во новоформираната парцијално-дуална паралелка. Наставата ќе се одвива во просториите на училиштето и во компанијата „Алкалоид“, со стручни наставници и сертифицирани ментори. Учениците  во практичниот дел од наставата ќе бидат директно вклучени во работниот процес на компанијата, со што ќе се стекнат со потребните знаења и вештини што ги прави конкурентни на пазарот на трудот, со можност за вработување веднаш по завршувањето на средното образование. Компанијата ќе обезбеди заштитна опрема, систематски прегледи, топол оброк и месечни стипендии од 3.000 денари за секој од овие ученици во текот на нивното школување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира