ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНА СПОМЕН БИСТА НА МИРКА ГИНОВА

    ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНА СПОМЕН БИСТА НА МИРКА ГИНОВАМирка Гинова е антифашистичка хероина од Егејска Македонија, осудена на смрт со стрелање на 26 јули 1946 година во Ениџе-Вардарско. Гинова и е македонско име, а со името Ирини Гини ѝ се обраќале членовите на грчката Комунистичка партија (Фото: СДК.МК)

    Пред споменикот на паднатите борци од Егејска Македонија, поставен во Велес, утрово беше претставена спомен биста на Мирка Гинова-Ирина Гини. Гинова (1916- 1946) е борец од времето на НОБ и Граѓанската војна во Грција. Таа е првата жена стрелана во Грција од политички причини.

    Бистата е дело на академскиот скулптор Петре Наневски, направена по порачка на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“. На овој начин беше одбележана 73Пред споменикот на паднатите борци од Егејска Македонија, поставен во Велес, утрово беше откриена спомен биста на Мирка Гинова-Ирина Гинис. Гинова (1916- 1946) е борец од времето на НОБ и Граѓанската војна во Грција. Таа е првата жена стрелана во Грција од политички причини. Бистата е дело на академскиот скулптор Петре Наневски, направена по порачка на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“. На овој начин беше одбележана 73-годишнината од стрелањето на Гинова.
    „На 26 јули 1946, во 6 часот наутро, согласно одлуката на Воениот суд на Грчката владина армија била стрелана Мирка Гинова, заедно со уште шестмина други борци. Вината на учителката Гинова била нејзината борба. Грчки војник кој по должност присуствувал на чинот на стрелањето, ги забележал последните мигови од нејзиниот живот и во писмо испратено до таткото на Мирка, војникот напишал ‘Честитам за ќерката што сте ја родиле, ја пресретна смртта со насмевка на усните, пеејќи’. Таа преку војникот порачала ‘Умирам за нешто што верувам со сета душа, за поарен живот на другите, а не на мојот’“, кажа историчарот проф. д-р. Ѓорги Малковски. При чинот на стрелањето, запишано е дека ја пеела Интернационалата.
    П. ПЕЧКОВ
    -годишнината од стрелањето на Гинова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира