ВО ВЕЛЕС ПОВТОРНО ЗАПАЛЕН ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР, ОПШТИНАТА АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ФРЛА ЖАР ВО НИВ

    ВО ВЕЛЕС ПОВТОРНО ЗАПАЛЕН ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР, ОПШТИНАТА АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ФРЛА ЖАР ВО НИВОштетената вреќа е поправена и ставена во функција (Фото: СДК.МК)

    Вработените од ЈКП „Дервен“ отстранија оштетена вреќа од подземен контејнер во Велес откако несовесен корисник ја изгорел со жар. Вреќата е санирана и вратена, изработена е од водонепропусен полиестер и е со волумен од три кубни метри.

    „Контејнерот по вторпат е запален, претпоставуваме од жар од скара. Сите објекти кои подготвуваат скара во околината се опоменати дека не смеат да фрлаат жар во подземните контејнери. Вреќата е поправена и ставена во функција, среќна околност е што таа не гори, туку тлее, па брзо е санирана“, кажа Билјана Шуркова-Манаскова, раководител на општинското Одделение за животна средина.

    Од локалната власт потсетуваат дека подземните контејнери се исклучиво наменети за комунален отпад и во нив не треба да завршуваат картонска и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел. За отпадот кој може да се селектира, Општината на јавните површини има поставено соодветни садови. Локалната власт подготвува локации за поставување нови подземни контејнери.

    „Се гради простор за нов подземен контејнер, спроти зградата на Пошта. Порачани се уште три, кои ќе се постават на спојот на улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур кај рампата и два на паркингот близу гимназијата“, вели Шуркова-Манаскова

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира