ВОЗИ САМО ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ОТКАЖАНИ СЕ ЗА БИТОЛА И ЛОКАЛОТ ЗА ВЕЛЕС

    ВОЗИ САМО ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ОТКАЖАНИ СЕ ЗА БИТОЛА И ЛОКАЛОТ ЗА ВЕЛЕСЕдинствено сообраќаат утринскиот и попладневниот патнички воз од Скопје за Гевгелија и обратно, со тоа што патниците се возат комбинирано воз-автобус. (Фото: СДК.МК)

    Во Македонија денес сообраќаа само два од шесте патнички воза кои се предвидени со возниот ред. Патничкиот воз за Битола од вчера попладне не вози, бидејќи нема дизел патничка гарнитура која е во возна состојба. Поради тоа, ниту утрово се вратил од Битола за Скопје и попладнево не тргнал за Битола.

    Не се во сообраќај ниту вкупно три локали од Скопје до Велес и обратно. На оваа релација сообраќа еден електричен патнички воз, кој не бил во возна состојба. Од Македонски Железници (МЖ) само кратко кажаа дека возовите се откажани, без повеќе информации.

    Единствено сообраќаат утринскиот и попладневниот патнички воз од Скопје за Гевгелија и обратно, со тоа што патниците се возат комбинирано воз-автобус. Поради оштетување на железничкиот мост на реката Црна од станица Градско до станица Неготино и обратно патниците се префрлаат со автобус, а потоа продолжуваат со воз.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира