ВРАБОТЕНИТЕ ВО „СТРУМИЦА ТАБАК“ ТРИ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА, БАРААТ ЗАШТИТА ОД ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО „СТРУМИЦА ТАБАК“ ТРИ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА, БАРААТ ЗАШТИТА ОД ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА

    Околу стотина вработени од тутунската компанија „Струмица табак“ деновиве реагирале до трудовата инспекција и побарале правна заштита, бидејќи три месеци немаат добиено плати, ниту пак им биле платени придонесите. Како што велат тие, во фирмата ниту имало работа, ниту пак некој може да им објасни каква е состојбата.

    Од трудовата инспекција во Струмица за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека имале претставки од вработените и сезонските работници од ова компанија при што најавија дека ќе извршат контрола на работењето на ова компанијa дали се почитува законот за работни односи.

    „Сезонските работници ги отпуштија, а ниту тие, ниту ние како редовно вработени не сме зеле плата веќе три месеци. Згора на сè, не ни беше платен и регресот за годишен одмор К-15. Директорите на фирмата си дадоа оставки, а ние не знаеме што и како понатаму. Нека види трудовата инспекција“, реагираа вработените.

    Веста дека состојбите во оваа тутунска компанија не е ни најмалку розова потврдија и од синдикалната организација.

    „Тешка е ситуацијата. Нема тутун, нема работа. Се говори дека сме задолжени . Сите чекаат стечај“, информираа од синдикалната организација на „Струмица табак“.

    Од струмичкиот суд тврдат дека кај нив нема барање за поведување стечајна постапка.

    Од АД „Струмица табак“ не успеавме да добиеме официјална информација кога ќе бидат исплатени заостанатите плати. На телефоните никој не се јавуваше.

    „Струмица табак“ оваа сезона за првпат не откупува тутун, откако пред две децении беше купена од грчката ,,Лив тобако Михалидис“, кој поседува околу 83 отсто од акциите. Според земјоделскиот инспекторат кој им забрани, фирмата не успеа во предвидениот рок да ги обезбеди парите за да го исплати тутунот што планираше да го откупи. Пунктовите се затворија, а тутунарите мораа да одат кај други фирми.

    „Струмица табак“ котира и на Македонската берза. Во 2015 година, според податоците на берзата, оваа фирма остварила добивка по одданочување од приближно пет милиони денари, а вредноста на нејзините акции се движи околу 600 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира