ВРАБОТЕНА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ ПОВРЕДЕНА ВО ГЛАВАТА ВО РАСПРАВИЈА МЕЃУ СОВЕТНИЦИТЕ ЗА РАБОТАТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ

    ВРАБОТЕНА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ ПОВРЕДЕНА ВО ГЛАВАТА ВО РАСПРАВИЈА МЕЃУ СОВЕТНИЦИТЕ ЗА РАБОТАТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИНа видеото се гледа дека градоначалникот Крстевски се обиде да го спречи Акиов, но тој зеде шише со вода и замавна кон Стојков поради навредите, погодувајќи ја службеничката. (Фото: Принтскрин од видео на Радио Кочани)

    Вработена во Општина Кочани е повредена на денешната 65 седница на Советот, во инцидентот во кој учествуваа советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР) и советникот од ВМРО-ДПМНЕ советникот Мирче Стојков.

    Како што објави Мета, Акиов влезе во вербална расправа со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, поточно со Стојков, а темата беше односот меѓу општината и инспекциските служби. Стојков го обвини в. д. градоначалникот Венко Крстевски за селективно постапување во однос на инспекциските служби поточно во меѓуопштинската соработка.

    „Откако имаше дофрлување од страна на советникот Аки Акиов за време на говорот на Стојков, тој рече дека веќе е време да се крене дигнитетот и авторитетот на Советот на општина Кочани и советниците да се почитуваат еден со друг, а да не се подлегнува на иницијативите на Аки Акиов“, објави Мета.

    Стојков рекол дека Аки Акиов може во ромското маало така да се однесува и оти не треба советниците да одат по неговиот памет.

    По тоа реплика побарал Акиов и му се обратил на Стојков: „Ти овие три и пол години што направи? Му зборуваш на Венко за селективна правда. Како не ти е срам, изгореа децата во дискотеката Пулс, 62 жртви имате, 250 луѓе имате повредени, луѓето немаат завои за …“

    По ова се вжештила атмосферата, почнале довикувања и навреди. Акиов се упатил кон Стојков за со него физички да се пресмета. И на видеото што го објави Радио Кочани, се гледа дека градоначалникот Крстевски се обиде да го спречи, но Акиов зеде шише со вода и замавна кон Стојков поради навредите, погодувајќи една од вработените во Oпштината.

    Кога жената почна да офка од болка, Акиов кој случајно ја погоди, отиде да види како е таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира