ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ВЕЛЕШКО, ЌЕ ОПФАТИ 15 ХЕКТАРИ ЈАВНА ПОВРШИНА

    ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ВЕЛЕШКО, ЌЕ ОПФАТИ 15 ХЕКТАРИ ЈАВНА ПОВРШИНАОд Општината велат дека препаратот кој се користи не преставува опасност за останатиот животински свет. (Фото: СДК.МК)

    Во Велес започна пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на локалната власт. Ја врши компанија од Кавадарци избрана на јавен повик, а надзорот е на стручни лица од Центарот за јавно здравје Велес.

    „Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата во областа на здравствената  заштита за 2025 година. Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 метри квадратни односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино Село до компанијата ‘Агриа’“, соопшти Општина Велес.

    Од Општината велат дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. За него има одобрение од Министерство за здравство за употреба во јавната хигиена и не преставува опасност за останатиот животински свет.

    Дератизација во Велешко се врши двапати годишно, пролетно и есенски, и е во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести, како мерка за заштита.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира