На тридневната манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш се очекува да се изедат над 10.000 самуни, како што радовишани ја викаат пастрмалијата, и исто толку парчиња татлија, традиционално благо кое како десерт се јаде после самунот, а се готви со пресно сирење. Цената на самунот е 250 денари, а на татлијата 100 денари за сто грама.
Ова е 11. издание на манифестацијата во организација на Општина Радовиш, а последниве четири години наместо на градскиот плоштад се одржува на големиот паркинг „Орел“ спроти Автобуската станица, каде е поставена и голема бина каде во трите дена ќе настапат десетина пејачи од македонската сцена. Вечерва настапува српската пејачка Тања Савиќ, а утревечер македонски фолк пејач Наум Петрески. Покрај него.
Т. ЈОВАНОВСКИ



