ЖИЧАРАТА НА ВОДНО НЕ РАБОТИ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР

    ЖИЧАРАТА НА ВОДНО НЕ РАБОТИ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕРЈачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно, велат од ЈСП. (Фото: СДК.МК)

    Жичарата од Средно Водно до врвот на планината не работи утринава поради силен ветер, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое стопанисува со жичарата.

    „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, се вели во соопштението на ЈСП.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Сакам да кажам (@sdkmk)

    Мерните станици на Министерството за животна средина во Скопје утринава регистрираат средно и високо низо на загаденост.

    Пилотката Ива Матиќ утрото објави фотографија од Скопје. За погледите од нејзината канцеларија, гледајте го подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира