ЖИТЕЛ НА ГОСТИВАРСКОТО СЕЛО ВРАПЧИШТЕ ПРИВЕДЕН ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ОРГАНИЗИРАЛ БОРБИ СО КУЧИЊА

    ЖИТЕЛ НА ГОСТИВАРСКОТО СЕЛО ВРАПЧИШТЕ ПРИВЕДЕН ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ОРГАНИЗИРАЛ БОРБИ СО КУЧИЊАПри претресот, полицијата пронашла пет кучиња од расите питбул и доберман (Фото: СДК.МК)

    Гостиварската полиција привела жител на село Врапчиште кој се сомничи дека организирал борби со кучиња, што е забрането со закон. При претресот на просториите кои ги користел, полицијата пронашла пет кучиња од расите питбул и доберман, за кои се сомнева дека биле користени за борби.

    На 22.01.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С. А. (22) во Врапчиште, Гостиварско, а се сопственост на Ш. А. (20) од Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело Мачење животни. При претресот биле пронајдени четири кучиња – три од расата питбул и едно куче од расата доберман, кои биле користени за борби на кучиња. Со С. А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, се вели во соопштението испратено од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира