ЖИТЕЛИТЕ НА ТУРСКО РУДАРИ КАЈ ПРОБИШТИП ШЕСТ ГОДИНИ НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НА ШТАЛКОВСКА РЕКА ЌЕ СЕ ГРАДИ ХИДРОЦЕНТРАЛА, СЕГА НЕМААТ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

    ЖИТЕЛИТЕ НА ТУРСКО РУДАРИ КАЈ ПРОБИШТИП ШЕСТ ГОДИНИ НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НА ШТАЛКОВСКА РЕКА ЌЕ СЕ ГРАДИ ХИДРОЦЕНТРАЛА, СЕГА НЕМААТ ВОДА ЗА ПИЕЊЕкКонцесионерот тајно ја почнал постапката во 2015 и во овој рок ги извадил сите потребни документи (Фото: СДК.МК)

    Жителите на селото Турско Рудари кај Пробиштип цела година се без вода за пиење и наводнување откако на Шталковска Река лани се изгради минихидроцентрала. Шталковска Река природно се влева во реката Злетовица, но оваа река останува без една притока, со што не само што населението кое гравитира кон Турско Рудари останува без вода, туку се случува и биолошка катастрофа.

    За овој сериозен еколошки проблем жителите на ова село јавно проговорија на трибината „Иновативни решенија за зелен исток“, што се одржа во Штип. Тие шест години не знаеле дека на нивната река ќе се гради минихидроцентрала, а, како што велат, концесионерот инкогнито ја почнал постапката во 2015 и во овој рок ги извадил сите потребни документи.

    Без да знаеме, на Шталковска Река преку ноќ никна минихидроцентрала, па немавме можност да реагираме и да го спречиме тоа. Кога почнавме да одиме по институциите, дознавме дека Министерството за животна средина веќе ги издало сите потребни документи“, вели Јаким Јовановски, кој живее во Пробиштип, но во родното Турско Рудари има ниви.

    Неговиот брат Мите Јовановски кажа дека сите закони зборуваат за тоа дека правото на природните води, посебно на оние кои живот значат за населението, прво го имаат мештаните, па следува наводнувањето и дури трета алтернатива е водата да се користи за други стопански цели, како производство на струја, но без да се нарушат првите две основни права на локалното население.

    Како што велат и останатите жители на Турско Рудари, дури и нивната општина Пробиштип му издала дозвола за градење на концесионерот за да не плаќа казни, оти тој веќе ги имал сите потребни документи.

    Претставници на селото имале средба во Владата и во надлежните министерства, при што ја прифатиле минихидроцентралата, но се договориле концесионерот да обезбеди вода за пиење и наводнување, а патот што бил раскопан од механизацијата да се доведе во ред и селаните да имаат пристап до своите ниви. Но, како што велат, ништо од договореното не било направено, а во последните два месеца концесионерот е недостапен.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира