Европската комисија бара претседателот \орге Иванов и сите идни претседатели да ја користат можноста за помилување за да се зајакне демократијата, а не да ја ослаби. Маја Коцијанчич, портпарол на Комисијата, истакна дека предвремените парламентарни избори се клучен чекор во процесот на реформирање, кој ќе ја извади државата од политичката криза.
“Очекуваме да бидат избегнати сите активности кои се спротивни на ова.
Секаков обид некој да помине неказнето во врска со обвиненијата за изборни измами, би им наштетил на напорите кои ги вложија земјата и меѓународната заедница за овозможување услови за одржување веродостојни избори, како и на обидите да се врати довербата на граѓаните во изборниот процес”, изјави Коцијанчич.
Коцијанчич додава дека ” таквата постапка би се косела и со одлуката на Парламентот и на сите политички партии да се назначи специјален обвинител кој ќе ги разгледува обвиненијата и ќе поведува правни постапки за нив, вклучувајќи ги обвиненијата за изборни измами поврзани со претходните избори”.