НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ ТРЕБА ДА ЈАКНАТ, НЕ ДА ОСЛАБУВААТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:44:"Скопје,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ ТРЕБА ДА ЈАКНАТ, НЕ ДА ОСЛАБУВААТ

    Народниот правобранител Иџет Мемети реагира на Одлуката на Уставниот суд да му овозможи на Претседателот на Македонија да помилува лица кои се гонат или се осудени за изборен криминал, за кривични дела против здравјето на луѓето и за сторени воени злосторства. Тој е особено загрижен, како што наведува во реакцијата, за можноста за помилување на сторители на кривични дела против половата слобода и половиот морал, сторени спрема деца и малолетни лица.

    Народниот правобранител за одлуката на Уставниот суд, што се однесува и на можноста за помилување на лица сторители на кривични дела против изборите и гласањето, вели: “Со оглед на тоа што станува збор за фундаментално право кое треба да се остварува без притисоци, уцени и закани, санкционирањето на делата против изборите треба да оди во правец на јакнење, а не на слабеење на институциите и владеењето на правото. Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет”, укажува Мемети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира