Ниту една партија до овој момент нема предложено членови за избирачките одбори за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на петти јуни годинава. Рокот за поднесување на кандидатите е до утре на полноќ.
Оттаму, се уште останува мистерија дали ДУИ и ДПА ќе одат на избори или не, со оглед на тоа дека СДСМ и опозицијата се изјаснија дека нема да учествуваат.
На 28 минатиот месец со одлука на ДИК, на која не присуствуваа претставниците на СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, беа формирани сите Општински изборни комисии, по случаен избор од списокот на вработените од јавната администрација.
Покрај партиски предлози, избирачките одбори ги сочинуваат и вработени од јавната и од државната администрација.