200 НОВИ ДЕЛА ОД РОДОЉУБ АНАСТАСОВ ОД ВЕЧЕРВА ИЗЛОЖЕНИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

    200 НОВИ ДЕЛА ОД РОДОЉУБ АНАСТАСОВ ОД ВЕЧЕРВА ИЗЛОЖЕНИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕОсумдесет и осумгодишниот Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност. (Фото: Музеј на Град Скопје)

    Нови дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов ќе бидат изложени вечерва (20 часот) во Музеј на Град Скопје. Изложбата е насловена „Визии-Глава полна со луѓе“, а содржи повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.

    Кураторка е Јасмина Намичева, а каталогот го подготви Љубен Пауновски.

    Осумдесет и осумгодишниот Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност. Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21. век.

    Анастасов во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 бил на робија на Голи Оток. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Во 2011, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подари збирка од вкупно 389 дела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира