70 ГОДИНИ ТРЕЗОР НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, КУЛТУРА И НАУКА – ПРОСЛАВЕН ЈУБИЛЕЈОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ

    70 ГОДИНИ ТРЕЗОР НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, КУЛТУРА И НАУКА – ПРОСЛАВЕН ЈУБИЛЕЈОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВИзложбата е посветена на градоначалниците на Скопје од 1945 година до денес. (Фото: К. Попов)

    Со изложбата „Скопската градска општина“, посветена на градоначалниците на Скопје од 1945 година до денес, и со свечена академија, Државниот архив денес прослави 70 години од основањето. На собирот во Музејот на македонската борба беше промовирана монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“, во која е презентиран историскиот развој на Државниот архив преку фотографии и документи за најзначајните настани со кои располага Архивот, како и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.

    Директорот на Државниот архив Емил Крстески, пред државниот врв, историчари и амбасадори рече дека Архивoт во изминатите 70 години се гради како значајна државна институција, и дека тој е трезор на оригинални документи, писма, фотографии и други материјали од познати револуционери, илинденци, просветители и писатели, уметници, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности за нашата земја.

    „Во сите изминати години очигледен е постојаниот раст на Државниот архив, кој добива свој европски лик со прифаќањето на европските начела и прописи што се однесуваат на архивистиката и кои се вметнати во новиот Закон за архивска дејност, како и со спроведувањето на процесот на дигитализацијата на историските документи и материјали“, кажа Крстески.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира