„АББА“ ГО НАЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ ПО 40 ГОДИНИ ПАУЗА И СЕРИЈА ВИРТУЕЛНИ КОНЦЕРТИ

    „АББА“ ГО НАЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ ПО 40 ГОДИНИ ПАУЗА И СЕРИЈА ВИРТУЕЛНИ КОНЦЕРТИАлбумот со 10 нови песни ќе излезе во ноември

    Легендарната поп група „АББА“ ги изненади и израдува фановите со објавата дека ќе го издаде првиот албум по 40 години пауза. „ABBA Voyage“ ќе излезе во ноември, а ќе биде проследен со „револуционерни“ концерти на кои што виртуелни верзии на членовите ќе ги изведуваат најголемите хитови на шведската група.

    Квартетот, кој се распадна во 1982 година, кажа дека повторно се собрал во студио додека работел на театарска претстава.

    „Во почетокот беа само две песни, а потоа си кажавме дека можеби можеме да направиме уште неколку“, изјави Бени Андерсон.

    На крајот, тие снимиле десет нови песни, од кои две денеска беа премиерно пуштени во јавност.

    Серијата виртуелни концерти ќе почне следната година во специјално изградена сала во источен Лондон и ќе се одржуваат шест дена во недела. Дигиталните верзии на членовите на групата ќе бидат придружувани од десетчлен бенд во живо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира