Филмот „Анет“ на Леос Каракс со Марион Котијар и Адам Драјвер ќе го отвори годинашниот Кански филмски фестивал на 6 јули. „Анет“ ќе има светска премиера и ќе влезе во официјалната селекција во трка за Златната палма.
Ова е прв филм на францускиот режисер после „Свети мотори“ кој беше во официјалната програма во 2012, а воедно и негов прв филм на англиски јазик.
„Анет“ е снимен во Лос Анџелес и е филм за стенд-ап комичар (Драјвер) и пејачката со светска кариера Ен. Оваа навидум совршена врска засекогаш ќе се промени со доаѓањето на нивното мистериозно прво дете, Анет.
„Не можевме да сонуваме за поубаво обединување на филмот со сребреното платно, во Палатата на Фестивалот, каде што филмовите доаѓаат да го истакнат својот сјај’, изјави ументичкиот директор на фестивалот, Тјери Фремо.
Претседателот на Фестивалот Пјер Лескур кажа дека секој филм на Леос Каракс е настан, и дека „’Анет’ е подарок кој кој чекаа вљубениицте во филмот, музиката и културата, и по кој сите ние копнеевме изминатава година“.
Останатите филмови од официјалната селекција ќе бидат објавени до крајот на мај. Поради пандемијата на ковид-19, фестивалот годинава ќе се одржи од 6 до 21 јули, наместо стандардниот термин во мај.