АПЛАУЗИ И 4 ПОЛНИ САЛИ ЗА РУСКАТА УМЕТНИЧКА АТРАКЦИЈА НА МРАЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АПЛАУЗИ И 4 ПОЛНИ САЛИ ЗА РУСКАТА УМЕТНИЧКА АТРАКЦИЈА НА МРАЗ

    Бајковно-магична е балетската претстава „Лебедово езеро“ на мраз во изведба на уметниците од Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, што два дена со по две изведби го исполнува салонот на Македонската опера и балет. На лизгалки танцуваат балетски уметници, но и олимпијски прваци во лизагање кои за уметничкиот аспект на танчарската уметност се добро обучени од главниот кореограф некогашен првенец на театарот „Марински“ Константин Расадин.

    Ансамблот е составен од 24 играчи, балетски уметници и олимписки, светски, европски шампиони во уметничко лизгање (Фото: СДК.МК)

    Па така, од познатите балетски кореографии на класичното дело на Чајковски, во претставите на овој ансамбл кој постои од 1967 година, гледаме виртуози во изведби на елементи кои ги слушаме од ТВ преносите на уметничко лизгање, како пируети, аксл, двоен аксл, луп.

    A member of Saint-Petersburg State ballet on ice performs in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia on 16 December 2016.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во публиката преовладуваат дами кои оддават почит на уметничкото лизгање, но и на балетот со своите најмлади, млади „балерини“ од семејствата.

    Уметниците кои се спој на едни од најафирмираните  вредности на Русија, класичен балет и уметничко лизгање, по изведбите во Скопје се испраќани со долг и бурен аплауз.

    (Фото: СДК.МК)

    (Фото: СДК.МК)

    Куриозитет за овој театар кој настапува низ целиот свет е дека ги игра претставите на неколку тони мраз што самите го прават на сцените на кои ги изведуваат претставите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира