АВТОРИТЕ НА „ДИЛАН ДОГ“ ГОСТУВААТ ВО МКЦ ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЏИФОНИ

    АВТОРИТЕ НА „ДИЛАН ДОГ“ ГОСТУВААТ ВО МКЦ ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЏИФОНИАлесандро Билота и Серџо Џерази ќе одржат и предавање за стрипот

    Алесандро Билота и Серџо Џерази, едни од авторите на популарниот стрип „Дилан Дог“, денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал за млади Џифони, при што од 16 часот ќе одржат предавање во Младински културен центар на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“.

    Стрипови од италијански автори ќе бидат изложени во фоајето на МКЦ, на што ќе присуствуваат и други италијански цртачи, како и Андреа Силвестри, амбасадорот на Италија во Скопје, кој е познат како голем вљубеник во стрипот. Изложбата ќе биде поставена до 10 октомври.

    Билота и Џерази ќе се сретнат со авторите на првопласираните дела на конкурсот за плакат, што италијанската амбасада го спроведе во соработка со институтот „Данте Алигиери“ од Скопје.

    Денот на италијанскиот стрип е дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот, а во Скопје се одбележува во рамките на фестивалот Џифони, кој беше отворен синоќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира