Бошко Грујоски е именуван за нов в. д. директор на Кинотеката на Северна Македонија, заменувајќи го Бојан Станишиќ, кој досега ја извршуваше оваа функција.
Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката и веќе беше на директорската позиција во 2016/17.
Во тој период, меѓу другото, беше извршена дигитална реставрација на играните филмови на режисерот Бранко Гапо, беше реализиран меѓународниот проект European Film Gateway во соработка со Европската асоцијација на кинотеки и беа завршени двата последни документарни филма од серијалот „Сведоци“, кој е резултат на научно-истражувачки проект со Институтот за национална историја и МРТВ.