ДЕНОВИ НА ГЕРМАНСКИ ФИЛМ ОД САБОТА ВО ПЕТ ГРАДОВИ НИЗ ЗЕМЈАВА

    ДЕНОВИ НА ГЕРМАНСКИ ФИЛМ ОД САБОТА ВО ПЕТ ГРАДОВИ НИЗ ЗЕМЈАВАДеновите на германскиот филм отвораат со „Јас сум твојот човек“ на режисерката Марија Шрадер

    Со проекцијата на „Јас сум твојот човек“ на режисерката Марија Шрадер, в сабота (15 октомври) во 20 часот во Кинотеката на Македонија  почнуваат Деновите на германскиот филм. Германските филмови ќе се прикажуваат и во Тетово, Струмица, Штип и во Крива Паланка.

    Меѓу другите ќе се прикажат и „Рабије Курназ против Џорџ В. Буш“, „Светот ќе биде поинаков“, „А И Е О У – Брзата азбука на љубовта“. Филмовите се прикажуваат со превод на македонски и албански јазик.

    Фестивалот го организираат Германската амбасада, заедно со Кинотеката на Македонија, Центарот за Балканска соработка Лоја во Тетово и Европска куќа во Струмица и Крива Паланка.

    Цената на влезниците за Кинотеката во Скопје е 100 денари, а во останатите градови влезот е бесплатен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира