Основачот и фронтмен на „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ-Која, се наоѓа во коматозна состојба откако претрпил мозочен удар, објавија српските медиуми. На 58-годишниот Којиќ му се слошило во Лондон додека бил во посета на сестра му, по што лекарите го ставиле во состојба на вештачка кома, за да му ги зголемат шансите за заздравување.
Како член на „Шарло акробата“, Која е еден од основоположниците на „новиот бран“ во југословенската музика и од оваа легендарна група со краток век потоа произлегоа „Екатерина Велика“ и „Дисциплина кичме“, основана во 1982 година.
Како пејач, басист и композитор, Која сними десетина албуми со „Дисциплина кичме“, што едно време работеше во Лондон.
Групата требаше да настапи на Д фестивал во Дојран, но во последен момент го откажа настапот, што уследи само неколку месеци по ненадејната смрт на пејачката Мања Ѓорѓевиќ.