„ЕДНА БИТКА ПО ДРУГА“ НА ПОЛ ТОМАС АНДЕРСОН ВОДИ СО 9 НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУС

    „ЕДНА БИТКА ПО ДРУГА“ НА ПОЛ ТОМАС АНДЕРСОН ВОДИ СО 9 НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУСБенисио дел Торо, Чејс Инфинити, Леонардо ДиКаприо, Тејана Тејлор и Шон Пен на премиерата на „Една битка по друга“. (Фото: Гети)

    Филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон води со девет номинации за 83.  филмски награди Златен глобус, со што  стана уште поголем како фаворит за Оскар и донесепобеда за „Ворнес Брос“  во период кога компанијата е во процес да биде купена од  „Нетфликс“.

    „Една битка по друга“ доби номинации за својата актерска екипа: Леонардо ДиКаприо, Тејана Тејлор, Шон Пен и Чејс Инфинити, како и за сценариото и режијата на Андерсон. Филмот на Глобусите се натпреварува во категоријата комедија и мјузикли.

    Веднаш зад него е „Сентиментална вредност на Јоаким Триер, норвешка семејна драма за филмско семејство. Филмот, дистрибуиран од „Неон“ доби осум номинации, меѓу кои режисерот Триер и косценаристот Ескил Вогт, и за четворицата актери Стелан Скарсгард, Ренате Ренсве, Ел Фанинг и Инга Ибсдотер Лилеос.

    Во категоријата Најдобар странски филм номинирани се „Тоа беше само несреќа“ на Џафар Панахи како кандидат од Франција, норвешкиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер, бразилскиот „Тајниот агент“ на Клебер Мендоса Фило, корејскиот „Без избор“ на Парк Чан-вок, шпанскот „Сират“ на Оливер Лаше и тунискиот „Гласот на Хинд Јаџаб“ на Каутер Бен Ханија.

    Номинациите за Златен глобус се во момент на потенцијално голем пресврт во филмската индустрија. На 5 декември, „Нетфликс“x постигна договор за купување на „Ворнер Брос Дискавери“ за 72 милијарди долари. Ако биде одобрен, договорот ќе го  преобликува Холивуд и ќе го стави едно од неговите легендарни филмски студија во рацете на стриминг-гигантот.

    Во категоријата најдобра актерка во филм-драма, номинирани се Џеси Бакли („Хамнет’), Џенифер Лоренс („Умри, љубов моја“), Ренате Ренсве („Сентиментална вредност“), Џулија Робертс („По ловот“), Теса Томпсон („Хеда“) и Ева Виктор за „Извини, душо“.

    За најдобар актер во филм-драма, номинирани се Xоел Еџертон („Железнички соништа“), Оскар Ајзак за „Франкенштајн“, Двејн Џонсон за „Машината за удирање“. Мајкл Б. Џордан за „Грешници’, Вагнер Моура за „Тајниот агент“ и Џереми Ален Вајт за „Спрингстин: Спаси ме од никаде“.

    За најдобар филм-драма, номинирани се: „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Тоа беше само несреќа“, „Тајниот агент“, „Сентиментална вредност“ и „Грешници“.

    Доделувањето е на 11 јануари 2026.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира