Фаготистот Ќазим Асотиќ е нов в.д директор на Македонската опера и балет (МОБ) . Музичарот, кој повеќе од 30 години е дел од Оркестарот на МОБ, на функцијата доаѓа на местото на Илија Рајковски.
Асотиќ ни изјави дека на функцијата е официјално назначен во петокот, а денес извршиле примопредавање со досегашниот в.д директор Рајковски. Тој беше директор од август 2017 година.
Директорот додава оти денес имал средба со уметничките директорки на Операта и на Балетот, Бисера Чадловска и Олга Панго, но повеќе инфорамации околу следни активности и планови ќе даде наскоро.
Б.НЕСТОРОСКА