ФРАНЦУСКАТА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „МАЈСЕЛФС“ ГО ЗАТВОРА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

    ФРАНЦУСКАТА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „МАЈСЕЛФС“ ГО ЗАТВОРА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕГостувањето на француската компaнија е во соработка со Францускиот институт во Скопје. (Фото: Кеј-данс)

    Дваесет и првото идание на Танц фест Скопје се затвора вечерва (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ, со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ (Myselves) на Кеј-данс (К-Danse) од Франција, пионери во спојувањето на современ танц и дигитална уметност.

    „Оваа уникатна изведба ја истражува врската помеѓу танчерот и неговите повеќе ‘јас’, инкорпорирајќи автономни и непредвидливи визуелни и звучни ефекти, кои ги пресликуваат емотивните и психолошките состојби на танчерот преку сензори за движење и оптичка анализа. Поддржан од Интерарт и Францускиот институт во Скопје, овој настан носи уникатно уметничко искуство кое ги брише границите меѓу телото, технологијата и емоцијата. Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат“, најавуваат организаторите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира