„ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ ПЕТРУНИЈА“ НА МИТЕВСКА ПОБЕДИ НА ЖЕНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ДОРТМУНД/КЕЛН

    „ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ ПЕТРУНИЈА“ НА МИТЕВСКА ПОБЕДИ НА ЖЕНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ДОРТМУНД/КЕЛНЗорица Нушева ја игра главната улога во филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ (Фото: Продукција „Сестри и брат Митевски“)

    Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби главната награда на Меѓународниот женски филмски фестивал Дортмунд/Келн. Наградата е парична, во вредност до 15 илјади евра. Овој фестивал е посветен на женски автори, и во главната конуренција се одбираат само 8 филмови од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда.

    „Одлучивме да ја доделиме главната награда за овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“, стои во одлуката на тричленото жири.

    Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ велат дека во текот на месецов, филмот учествува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал. Од 1 мај почнува кинодистрибуцијата во 60 киносали низ цела Франција.

    „Петрунија“ игра и во Скопје, Битола, Прилеп, а од 20 април и во во Штип, градот каде беше сниман филмот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари