ХАРИСОН ФОРД ЈА ДОБИ ПРВАТА НОМИНАЦИЈА ЗА ЕМИ ВО 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА

    ХАРИСОН ФОРД ЈА ДОБИ ПРВАТА НОМИНАЦИЈА ЗА ЕМИ ВО 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРАФорд ја доби својата прва номинација за Еми за споредната улога во комедијата „Терапија“. (Фото: Епл ТВ+)

    Холивудската легенда Харисон Форд ја доби првата номинација за ТВ-наградата Еми во 50-годишната кариера.

    83-годишниот Форд ги играше некои од најзначајните ликови во филмската индустрија, како Индијана Џонс и Хан Соло. Синоќа ја доби својата прва номинација за Еми за споредната улога во комедијата на „Епл ТВ+“,„Терапија“ (Shrinking). Форд стана вториот највозрасен номиниран актер за споредна улога во категоријата комедија, по Алан Аркин, кој имаше 86 години кога доби номинација за „Методот на Комински“ во 2020.

    Досега неговата единствена номинација за големи награди беше за Оскар за најдобар актер за трилерот „Сведок“ од 1985.

    Доделувањето на Еми наградите е закажано за 14 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира