ХОЛИВУДСКАТА ЛЕГЕНДА ОЛИВИЈА ДЕ ХАВИЛАНД ПОЧИНА НА 104 ГОДИНИ

    ХОЛИВУДСКАТА ЛЕГЕНДА ОЛИВИЈА ДЕ ХАВИЛАНД ПОЧИНА НА 104 ГОДИНИДе Хавиланд беше последниот жив член на актерската екипа на „Однесено од виорот“ (Фото: АП)

    Оливија де Хавиланд, една од последните преостанати ѕвезди од златното доба на Холивуд, почина на 104 години.

    Таа сними повеќе од 50 филмови во кариерата што се протегна низ шест децении и беше последниот жив член на актерската екипа на „Однесено од виорот“ од 1939 година. Од петте номинации, Оскар освои во 1947 и 1950 година.

    Де Хавиланд живееше во Париз од 1960-ите години и имаше една од централните улоги во менувањето на системот на холивудските студија, што им донесе подобри договори на актерите.

    Нејзиниот бурен однос со сестрата Џоан Фонтејн, исто така славна актерка и оскаровка, е еден од најпознатите и најдолговечни конфликти во историјата на Холивуд и тие не се смирија до нејзината смрт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира