ИЗБРАНИ ДЕЛА ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ЦИКЛУСИ НА РОДОЉУБ АНАСТАСОВ НА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

    ИЗБРАНИ ДЕЛА ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ЦИКЛУСИ НА РОДОЉУБ АНАСТАСОВ НА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕИзложбата претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност. (Фото: Музеј на Град Скопје)

    Во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на Град Скопје вечерва во 19:30 часот ќе се отвори Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галеријата.

    Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот, вредна донациска збирка од околу 400-ина дела од различни временски периоди (создадени од 1957 до 2010 ) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност.

    „Овие дела се белег за автентичниот и единствен креативен опус на Анастасов. Овогодинешната изложба претставува еклектичен избор од неколку циклуси на Анастасов, слики од циклусот на кој му е најдолго посветен – ‘Човек и простор’, ‘Човек и време’, ‘Во потрага по изгубениот простор’, импресивните цртежи од циклусите ‘Делување на елементите’, ‘Промена на обликот’, ‘Трансфигурирање’, создадени во периодот помеѓу 1957 – 1960 година, и кои припаѓаат на т.н. енформелска лабораторија“, вели кураторката Анита Бошкова-Доковска.

    Изложбата ќе трае до декември 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира