ИЗЛОЖБА, 4 ПРЕТСТАВИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО ПУСТЕЦ, АЛБАНИЈА

    ИЗЛОЖБА, 4 ПРЕТСТАВИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО ПУСТЕЦ, АЛБАНИЈАМинистерот Љутков, пејачката и професорка Јаневска и Едмонд Сотир од Здружението „Сонце“. (Фото: Министерство за култура)

    Изложба, промоција на книга, три театарски претстави и една претстава за деца се дел од фестивалот Македонско културно лето во Општина Пустец, Албанија, чие 19. издание по ред почна синоќа.

    Фестивалот се отвори во Музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе во селото Глобочани, со изложба на дела од скулпторот Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од поп-пејачката Андријана Јаневска, виолинистка во Операта и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје. Јаневска пред десет години почнала да собира народни песни одејќи во повеќе села во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

    „Насловот на трудот е: ‘Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора’. Застапени се песни од сите три региони и тоа: аргатски песни, балади, броенки, ѓурѓовденски, жетварски, комитски, лазарски, лирски, љубовни, ороводни, печалбарски, приспивни, револуционерни, свадбарски, сунетски и хумористични песни. Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Македонското традиционално народно пеење во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора низ различни периоди на културниот и на историскиот развој, од музички аспект е речиси неистражено. Тоа беше главната причина за изработка на овој труд“, вели Јаневска.

    Фестивалот го отвои минстерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој рече дека преку културата, „ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците“.

    Фестивалот го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, чија цел е заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонското малцинство во оваа земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира