КАРЛА СОФИЈА ГАСКОН СТАНА ПРВАТА ТРАНСРОДОВА ЛИЧНОСТ НОМИНИРАНА ЗА ОСКАР ВО АКТЕРСКИТЕ КАТЕГОРИИ

    КАРЛА СОФИЈА ГАСКОН СТАНА ПРВАТА ТРАНСРОДОВА ЛИЧНОСТ НОМИНИРАНА ЗА ОСКАР ВО АКТЕРСКИТЕ КАТЕГОРИИРодена во Мадрид, Гаскон се преселила во Мексико во 2009 и таму почнала да глуми во теленовели (Фото: Нетфликс)

    Карла Софија Гаскон денеска стана првата трансродова личност која била номинирана за Оскар во која било актерска категорија. Педесет и двегодишната Шпанка е номинирана за најдобра актерка за филмот „Емилија Перез“, кој освои најмногу номинации – 13.

    Филмот во продукција на „Нетфликс“ ја следи Емилија, озлогласена шефица на наркокартел која бара помош од адвокатка (Зои Салдана) за да ја лажира својата смрт и да направи операција за промена на пол. Таа потоа сака да почне нов живот како социјална работничка.

    Родена во Мадрид, Гаскон се преселила од Шпанија во Мексико во 2009 и таму почнала да глуми во теленовели. Со поддршка од сопругата и нивниот, тогаш малолетен син, Гаскон ја почнала транзицијата во 2018, а четири години подоцна ја добила улогата што ѝ донесе светска слава.

    Пред некој ден, една жена ми пријде и ми кажа колку прекрасно одглумив. Потоа ме праша: ‘Ако ве номинираат за Оскар, дали тоа ќе биде за најдобар актер или за најдобра актерка?‘ А, јас ѝ реков: ‘Госпоѓо, јас сум жена‘“, кажа Гаскон.

    За истата улога, таа доби Златна палма за најдобра актерка на ланскиот Кански фестивал и беше номинирана за Златен глобус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира