КОСТОВСКИ, ЈОЛЕВСКИ, КРЛУКУ И АНТОНОВСКИ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ЈАСМИН“ ЗА НОВИНАРСТВО И ПУБЛИЦИСТИКА

    КОСТОВСКИ, ЈОЛЕВСКИ, КРЛУКУ И АНТОНОВСКИ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ЈАСМИН“ ЗА НОВИНАРСТВО И ПУБЛИЦИСТИКАИван Антоновски, Делвина Крлуку, Атанас Костовски и Љупчо Јолевски на доделувањето на наградата в Собранието. (Фото: К. Попов)

    Доајените на македонското спортско и културно новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски, како и публицистите Иван Антоновски и Делвина Крлуку, денеска во Собрaнието ја примија државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за новинарство и за публицистика.

    „Во годината на новинарските јубилеи, 80 години на ‘Млад борец’, на ‘Нова Македонија’, на Радио Скопје и на 60 години Телевизија Скопје, чест е да се носи наградата со името на некогаш првото македонско новинарско перо Мито Хаџи Василев – Јасмин. Новинарството останува на својата задача – да трага по вистината“, рече Костовски.

    Љупчо Јолевски ја доби наградата за неговата повеќедецениска работа како радионовинар кој ја следи културата и творештвото, а самиот е автор на неколку книги. Иван Антоновски ја доби наградата за книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“, а Делвина Крлуку за есеите за премрежето на нејзиното семејство во Дебар за време на титова Југославија.

    Претседателот на Одборот за доделување на државната награда, Зоран Бојаровски, кажа дека заедно со Министерството за култура ќе работат да ја зголемат афирмацијата и подигнат свесноста за значењето на наградата.

    „Сите членови на Одборот заговараме, понатаму заедно со Министерството за култура да направиме повеќе за поголема афирмација, поголема присутност во јавноста, како и да ја подигнеме свесноста за значењето на оваа награда. Мито Хаџи Василев – Јасмин е истакна личност на државотворната народноослободителна војна. Јасмин по ослободувањето од фашистичката окупација и по формирањето на македонската држава зема активно учество во етаблирањето на новинарската професија и во градењето на новинарските институции“, рече Бојаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира