КРИВА ПАЛАНКА Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2024, ЌЕ ИМА 55 НАСТАНИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

    КРИВА ПАЛАНКА Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2024, ЌЕ ИМА 55 НАСТАНИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТАОпштина Крива Паланка понудила богата програма, со различни жанрови и естететика од традиционалното и од современото творештво. - Од ланските културни настани во Крива Паланка. (Фото: Фејсбук)

    Крива Паланка е Град на културата за 2024, соопшти Министерството за култура. На конкурсот, апликација доставиле и од Општина Велес. Манифестацијата ќе започне во март и ќе се одвива до крајот на годината.

    Од Министерството велат дека комисијата оценила оти Општина Крива Паланка има богата програма, која нуди издржан програмски концепт, со различни жанрови и естететика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

    „Општина Крива Паланка ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи културна содржина во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во културата. Во програмата се содржани 55 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори“, велат од Министерството.

    Манифестацијата Град на културата почна да се одржува од 2004.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира