МАЈКЛ ДАГЛАС ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО КАН

    МАЈКЛ ДАГЛАС ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО КАН„По повеќе од 50 години во оваа професија, чест ми е е да се вратам на Крозаетата за да го отвориме Фестивалот“, изјави Даглас. (Фото: Гети )

    Холивудската легенда Мајкл Даглас ќе добие почесна Златна палма за животно дело на 76. Кански филмски фестивал, кој ќе се одржи од 16 до 27 мај. Ѕвездата на „Вол стрит“, „Основен инстинкт“, „Фатална привлечност“ ќе го добие признанието на свеченото отворање на 16 мај, каде што Фестивалот „ќе му оддаде почит на неговата извонредна кариера и придонесот кон филмот“.

    Даглас за првпат дошол на Канскиот фестивал во 1979 со Џејн Фонда и режисерот Џејмс Бриџис, за премиерата на „Кинески синдром“. Последен пат бил во 2013, со „Зад канделабрата“ на Стивен Содерберг.

    „Секогаш е освежување да се дојде во Кан, кој долго време претставува одлична платформа за смели креатори, уметнички пркос и извонредност во раскажувањето приказни. Од моето прво доаѓање во 1979 година до мојата последна премиера во 2013, фестивалот секогаш ме потсетуваше дека магијата на филмот не е само во она што го гледаме на екранот, туку и во неговата способност да влијае на луѓето, низ целиот свет. По повеќе од 50 години во оваа професија, чест ми е е да се вратам на Крозаетата за да го отвориме Фестивалот“, изјави 78-годишниот Даглас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира