МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР ГОДИНАВА

    МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР ГОДИНАВА „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска (лево) и „Златна петорка“ (десно) на Горан Тренчовски беа единствените пријавени за избор на македонски кандидат за Оскар за најдобар странски филм

    Македонија годнава ќе нема кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм, откако комисијата на Друштвото на филмските работници (ДФРМ) одлучи дека ниту „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска ни „Златна петорка“ на Горан Тренчовски не ги исполнуваат естетските и наративни критериуми за да бидат македонски кандидат за наградата на Американската филмска академија.

    Филмовите на Митевска и Тренчовски беа единствените два пријавени кандидати, а за кандидатурата одлучуваше комисијата на чело со претседателот на ДФРМ, продуцентот Роберт Насков, а членови се режисерите Вардан Тозија и Марија Апчевска, директорот на фотографија Роберт Јанкуловски, монтажерот Атанас Георгиев, сценографот Иван Бартлинг и костимографката Жаклина Крстевска, соопшти денеска ДФРМ.

    И во 2013 Македонија не избра кандидат за Оскар, кога во трката беа „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски и „Соба со пијано“ на Игор Иванов – Изи, а на чело на комисијата беше тогашниот претседател на ДФРМ Горјан Тозија, кој сега е в.д. директор на Агенцијата за филм, што беше проследено со кавга меѓу продуцентите на обата филма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира