МАНИПУЛАЦИИТЕ ГИ УНИШТУВААТ И НАЈМОЌНИТЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРЕМИЕРАТА НА „ЛЕЈДИ МАГБЕТ“ НА РИСИМКИН

    МАНИПУЛАЦИИТЕ ГИ УНИШТУВААТ И НАЈМОЌНИТЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРЕМИЕРАТА НА „ЛЕЈДИ МАГБЕТ“ НА РИСИМКИНРисимкин се занимава со психолошкиот профил на насловниот лик. Тоа е интимна историја, без наративна приказна, слики и скици за дилемите на постоењето. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пред Верона, Скопје ја виде танцовата претстава „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин, синоќа на Танц фест Скопје, во полниот салон на Македонскиот народен театар (МНТ). Во продукција на Скопје танцовиот театар, танчарите низ танцот ја прикажаа универзалната порака: дека слепата амбиција и манипуливност, може да го уништат најмоќниот или најмоќната. Музиката и движењата, во голем дел беа тензични и ритмични, алудирајќи на мрачните сили и пророштвото на вештерките.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Публиката со голем аплауз ја поздрави екипата: Анастасија Данчевска како Лејди Магбет, Дејан Битровски, како Магбет, Бобан Русески, Сара Цветковска, Моника Шолевска, Клара Христовска, Стефани Шааршмит, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова и Ангела Петревска, од Катедрата за танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Асистент-репетитор на претставата е Адријана Данчевска.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Музиката е на композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски.

     

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претставата е селектирана на престижниот „Шекспир фринге фестивал“ во Верона Италија, каде на 29 август годинава, ќе ја има својата светска премиера во „Театро Камплоу“. Во меѓувреме, вели Рисимкин, „Лејди Магбет“ е веќе поканета да гостува на сцените на повеќе театри и фестивали низ земјава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    (Фото: Ѓ. Личовски)

     

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира