МАРИЈА ДИМИТРИЕВСКА И ЕЛЕНА ПАЗАРЏИЕВСКА ЈА ДОБИЈА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

    МАРИЈА ДИМИТРИЕВСКА И ЕЛЕНА ПАЗАРЏИЕВСКА ЈА ДОБИЈА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРАНаградените авторки Димитриевска и Пазарџиевска, со претседателот Стево Пендаровски и so Мишко Ралев, претседател на ААМ. (Фото: Претседател на РСМ)

    Архитектките Марија Димитриевска и Елена Пазарџиевска, авторки на проектот „Вила за современо домување“, викенд населба на велешкото Eзеро Младост ја добија Големата годишна награда за 2022. Наградата се доделува во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), а покровител е претседателот Стево Пендаровски.

    На синоќешното свечено доделување, претседателот Пендаровски рече дека оваа манифестација дава извонредна можност да се фрли поглед врз актуелните случувања во македонската архитектура која ги одразува општествените, економските, технолошките и естетските тенденции на национално и меѓународно ниво.

    Пендаровски кажа дека градителството во транзицијата кај нас е обременето од трката за брза заработка и посочи на дилемата со која се соочува секој архитект, како да се задоволи барањето на инвеститорите, а да не се згази врз сопствениот творечки талент и да се гради по мерка на човекот и неговите потреби.

    „Посакувам и понатаму да опстојувате на своите убедувања и естетика не правејќи компромис и не компромитирајќи се без разлика на околностите и карактерот на времето во кои живееме. Впрочем, вие сте дел од интелектуалното и критичко јадро во општеството и таа своја улога не смеете да ја загубите или релативизирате“, кажа претседателот Пендаровски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира