„МЕГАЛОПОЛИС“, ФИЛМОТ ШТО КОПОЛА ГО ПРАВЕШЕ ОД 1980-ТИТЕ, ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО КАН

    „МЕГАЛОПОЛИС“, ФИЛМОТ ШТО КОПОЛА ГО ПРАВЕШЕ ОД 1980-ТИТЕ, ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО КАНКопола самиот го финансирал филмот, кој наводно чинел 120 милиони долари (Фото: АП)

    Речиси половина век откако ја освои Златната палма на Канскиот фестивал, Френсис Форд Копола (85) ќе се врати на француската ривиера заради премиерата на неговиот нов филм „Мегалополис“, што самиот го финансираше. Извори од фестивалот кажаа дека филмот ќе се прикаже во натпреварувачката програма на 17 мај.

    Програмата на 77. Кански фестивал официјално ќе биде објавена утре, но директорот Тјери Фремо претходно изјави дека би сакал во неа да биде вклучен и „Мегалополис“.

    „‘Мегалополис‘ е проект што Копола долго време сакаше да го оствари и го направи тоа независно, на свој начин, како уметник. Ќе ни биде чест ако повторно го имаме Копола на фестивалот“, изјави Фремо.

    Мегалополис“ е научно-фантастична приказна за архитект кој по една катастрофа сака повторно да го изгради Њујорк како утопија. Копола почнал да го развива филмот уште во почетокот на 1980-тите, а снимањето наводно чинело 120 милиони долари. Копола вложил свои пари во филмот, во кој глумат Адам Драјвер, Џанкарло Еспозито, Џон Војт, Лоренс Фишбурн, Обри Плаза, Дастин Хофман и Шаја Лабуф.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира